ОД ПОНЕДЕЛНИК НА ОДМОР: Работниците од Дрекслмаер ќе одмораат две недели
Најголем дел од околу пет илјади работници од Дрекслмаер од понеделник ќе користат одмор.
Од фабриката потврдуваат за МИА дека од следната седмица ќе работат со значително намален капацитет, речиси на технички минимум. Oва е во согласност со препораките за заштита од коронавирус и актуелната состојба во автомобилската индустрија.
„Работниците колективно ќе користат дел од платениот годишен одмор. Платеното отсуство ќе биде две седмици. После тоа, согласно со нарачките за работа и целата ситуација со коронавирусот, ќе се донесе соодветна одлука“, нагласуваат од германската фабрика во која работат работници од повеќе општини.
Фабриката „Кромберг и Шуберт“ од Битола исто така ги испрати на колективен одмор сите 5.800 вработени.
Слично
