Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од понеделник до петок работи во фирма, а за викенди во овоштарник со малини

Од понеделник до петок работи во фирма, а за викенди во овоштарник со малини

Драган Јовиќ од Белград иако работи во голема компанија и има завршено Земјоделски факултет, сфатил дека има пари во бизнисот со малини и засадил површини кај Куршумлија. 

Јовиќ има 30 години, земјата ја наследил од родителите кои наскоро ќе одат во пензија и од нив очекува помош. 

Првата година вложиле 5000 евра, а до првата берба 200.000 динари. 

Оваа година имаат род од 3.5 тони и се во очекување на цената. 

„Првиот род е најмал и очекуваме дека следната година ќе биде за 30% поголем. Секако сме во плус, само што сме далеку, па имаме трошоци и плаќаме сезонски работници. Правиме добро дело за многу сезонци во Куршумлија кои сакаат да работат“ - вели Јовиќ. 

Србија со години е еден од најголемите извозници на малини, а српските се споредуваат со полските малини. 

Слично

Поврзани вести