Од полноќ се намалуваат цените на бензините
Цените на нафтените деривати во Македонија од ноќеска на полноќ се намалуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, како резултат пред се на поевтинувањето на нафтата на светските берзи во изминатите 14 дена.
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,20%.
Така, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 09.09.2014 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,00 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 65,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит и со тоа изнесува 54,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,317 ден/кг и ќе изнесува 38,843 ден/кг.
Овие цени ќе важат за следните две недели.
Слично
