Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од полноќ поскапуваат и дизелот и бензинот

Од полноќ поскапуваат и дизелот и бензинот

Нови цени на нафтените деривати од полноќ. Поскапуваат и дизелот и бензините.

Возачите ќе точат дизел поскап за денар и половина а бензин поскап за половина денар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 04.09.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит. 

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 04.09.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит. 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,656 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 04.09.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 24,537 ден/кг.

Овие цени ќе важат на сила во наредните две недели.

Слично

Поврзани вести