Од полноќ поскапуваат горивата
Донесена е одлука со која поскапуваат цените на горивата. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги(РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,45 отсто во однос на одлуката од 14 месецов.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,802 отсто, кај дизелот зголемувањето е во просек за 0,608 отсто, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 4,605 отсто и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,130 отсто, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,507 отсто.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,585 денари/килограм.
Од 18 јули од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
|
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 |
- |
81,50(денари/литар) |
|
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 |
- |
83,50(денари/литар) |
|
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) |
- |
72,50 (денари/литар) |
|
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) |
- |
71,50 (денари/литар) |
|
- Мазут М-1 НС |
- |
42,369(денари/килограм) |
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.7.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. Пред три дена имаше одлука за поскапување на дизелот за два денари.
