Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од полноќ поскапува дизелот

Од полноќ поскапува дизелот

Од полноќ расте цената на дизелот. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги(РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 % во однос на одлуката од 1.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,027%, кај дизелот за 2,774%, кај екстра лесното масло за 2,650% и кај мазутот зголемувањето е за 0,69%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Од 3.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95    107,00 (денари/литар)

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС - 98   109,00  (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)       99,50(денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   95,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС     54,640 (денари/килограм)

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат опд РКЕ. 

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,101%.

Трет ден по ред има корекција на цените на горивата. Ова предизвика завчера граѓаните да создадат колони на бензинските пумпи, со цел да наполнат гориво, по старата пониска цена пред полноќ. 

Слично

Поврзани вести