Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ПОЛНОЌ поскапи цени на бензинот и дизелот

ОД ПОЛНОЌ поскапи цени на бензинот и дизелот

Регулаторното тело при денешната одлука за корекција на цените на нафтените деивати донесе одлука за нивно поскапување.

Тоа значи дека возачите од ноќеска на полноќ во следните две недели ќе точат бензин и нафта поскапо од досега.

Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе се точи за цена повисока за 1,5 денари, а Еуросупер БС 98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара.

Или Еуросупер БС 95 ќе се продава за 63 денари, а Еуросупер БС 98 за 65 денари. Новата цена на литар „Еуродизел (Д-ЕV) e 50 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 38,5 денари.

Има и корекција на цената на  мазутот М-1 HC од кој килограм ќе чини 24,078 денари или се зголемува за 1,67 денари.

Слично

Поврзани вести