ОД ПОЛНОЌ ПОСКАПЕА: Еве ги цените на бензините и дизелот за неделава
Горивата од полноќ почнаа да се продаваат за половина денар поскапо.
Согласно понеделничката одлука на регулаторното тело за енергетика, неделава поскапо возачите ќе полнат резервоари со бензини но и дизел.
Ако возчите автомобил на бензин, за ЕУРОСУПЕР БС-95 тоа значи дека ќе плаќате 66,00 денари за литар, додека пак ако возите на ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден литар ќе плаќате 68,00 денари.
Возачите чии автомобили се на дизел еден литар ќе ги чини 58,00 денари.
Поскапо неделава ќе се продава и мазутот но и екстра лесното масло за домаќинство .
Слично
