Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од полноќ почнува изборниот молк

Од полноќ почнува изборниот молк
Точно на полноќ завршува двојната кампања - и за парламентарните и за вториот круг од претседателските избори, а започнува изборниот молк. Вечерва се одржуваат завршните митинзи на кандидатите, политичките партии и коалициите кои учествуваат на изборите. Во вториот круг од претседателските избори в недела ќе се соочат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов и кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски. Нов претседател на државата ќе биде кандфидатот кој ќе освои повеќе гласови, под услов на изборите да излезат најмалку 40% од гласачите запишани во избирачкиот список. На 3.480 избирачки места во земјата право на глас на претседателските избори имаат 1.779.572 избирачи. Во избирачкиот список за парламентарните избори, пак, се запишани 1.780.128 избирачи. За место во следниот состав на Собранието се борат 14 политички партии и коалиции. Веќе утре гласа дијаспората, затворениците, лицата во домашен притвор, внатрешно раселените лица и болните и немоќните лица.
Слично

Поврзани вести