Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од полноќ нови цени на нафтените деривати

Од полноќ нови цени на нафтените деривати

Регулаторното тело за енергетика денеска ги соопшти новите цени на нафтените деривати.

Имено, според последната одлука на регулаторната комисија цената  на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и на еуродизелот останува иста, додека ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се точи поскапо за половина денар.

Тоа значи дека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 62 денари за литар, а на дизелот 48 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 64 ден/лит.

Пад на цената има кај екстра  лесното масло за домаќинство која се намалува 0,50 денари за литар.

Мазутот М-1 НС се намалува за 0,204 ден/кг и тој ќе се купува по цена од 23,993 ден/кг.

Овие цени на дериватите важат од полноќ па се во наредните две седмици.

Слично

Поврзани вести