Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика ги објави цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Тие остануваат непроменети, освен за Еуросупер БС-95 кој се намалува за половина денар. Пониска цена ќе има и мазутот.
Во согласност со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 67 денари за литар, а на Мазутот 34,5 денари за килограм. Цената на Еуросупер БС-98 останува 69 денари, на дизелот 58,5 и на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 58 денари за литар. Цените се менуваат секој понеделник.
За период од седум дена референтните цени на светските берзи во просек имаат намалување кај бензинот за 0,242 отсто, кај дизелот зголемување за 0,742 отсто, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,902 отсто и кај мазутот има намалување за 0,543 отсто.
