Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од полноќ ќе точиме горива за повисоки цени

Од полноќ ќе точиме горива за повисоки цени

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи од полноќ граѓаните да точат нафтени деривати за повисоки цени.

Според одлуката дизелот и Еуросупер-98 поскапуваат за половина денар.

Во цени зголемувањето би изгледало вака:

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се точи по 66,50 ден/лит,  а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 53,00 ден/лит.

 ЕУРОСУПЕР БС-98 останува со непроменета цена и во следните две седмици ќе се точи по иста цена како и во изминативе две по цена од 68,50 ден/лит.

Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за еден денар и ќе чини 42,00 ден/лит.

Намалување бележи малопродажната цена на мазутот М-1 НС, кој се намалува за 0,680 денари што значи дека неговата цена ќе изнесува 27,845 денари.

Овие цени ќе важат од полноќ па се во следните две седмици.

Слично

Поврзани вести