Од полноќ имаме нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,75% во однос на одлуката од 25.08.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,719%, кај дизелот зголемување во просек за 3,631%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,658% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,553%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.
Малопродажните цени на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,50 ден/лит.
Од 27.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
|
- |
89,00 (денари/литар) |
|
|
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 |
- |
91,50 (денари/литар) |
|
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) |
- |
98,50 (денари/литар) |
|
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) |
- |
96,50 (денари/литар) |
|
- Мазут М-1 НС |
- |
52,978 (денари/килограм) |
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,458%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
