Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од полноќ има нови цени на горивата

Од полноќ има нови цени на горивата

Oд полноќ има нови цени на горивата.  За половина денар поскапуваат Еуросупер БС-95 и дизелот, а цената на Еуросупер БС-98 останува иста.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 67,5 денари за литар, а на дизелот 58,5 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-98 е 69 денари.

Покачувањето на цените, е поради порастот на цените на нафтените деривати на светските берзи во изминатите седум дена, како и понискиот курс на денарот во однос на доларот.
Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени кои ќе важат од ноќеска до следниот понеделник.

Слично

Поврзани вести