Oд полноќ дизелот поскапува
Дизелот поскапува за 1,5 денар, цените на бензините остануваат исти.
Дизелот ќе чини 95,5 денари, а цените на бензините остануваат исти, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
За 0,5 денари се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, додека мазутот поскапува за 0,503 денари.
ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 95,50 денари за литар, цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 и натаму ќе биде 98 денари, екстра лесното масло ќе се продава по 94 денари, додека мазутот по 53,343 денари за килограм.
Се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40 отсто во однос на Одлуката од 27 јули 2022 година.
Слично
