Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од полноќ дизелот поскапува

Од полноќ дизелот поскапува

Oд полноќ имаме нови цени на горивата. 

Kaко што објави Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за два денари по литар, а цените на останатите горива ќе бидат исти.  Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 84,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95  и понатаму ќе се продава за 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 82,5 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува 51,599 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажната цена на дизелот од РКЕ ја наведуваат зголемената референтна цена на светскиот пазар кај дизелот во просек за 0,807 отсто, како и намалената кај бензинот за 0,086 отсто и за 0,065 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

На светските берзи нафтата поскапува. 

Слично

Поврзани вести