Од полноќ дизелот поскапува
Горивата имаат нови цени од полноќ, при што дизелот поскапe за половина денар.
Бензинот „еуросупер БС – 95“ поевтинува за половина денар, а за тој износ поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинства. Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Литар „еуросупер БС-95“ од полноќ ќе се продава за 66,5 денари, а „еуросупер БС-98“ ќе чини 69 денари.
„Еуродизел (ДЕ V)“ пак од полноќ ќе се продава по цена од 61,50 денари за литар, додека „екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ01)“ по 51,5 денари.
Цената на мазуотот М-1 HC се намалува за 0,664 денари за килограм и ќе изнесува 31,147 денари.
Слично
