Од полноќ бензин ќе се точи поевтино, а дизел?
Регулаторното тело за енергетика донесе одлука со која ги корегираше цените на бензинот, додека цените на нафтата во следните две недели нема да трпат измени.
Согласно нивната одлука, од полноќ сите бензинци ќе полнат гориво поевтино за половина денар, а дизелашите ќе точат нафта по исти цени како и во изминатите две недели.
Тоа значи дека литар ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се продава за 61,5 денари по литар а ЕУРОСУПЕР БС 98 по цена од 63 денари.
ЕУРОДИЗЕЛ-от останува по страна цена и ќе изнесува 48 денари за еден литар.
Последниот договор на ОПЕК за ограничување на производството во изминатите две недели влијаеше на раст на цените кои денеска се за околу 3 долари по барел повисоки во однос на цените врз основа на кои Регулаторната комисија за енергетика ги формираше малопродажните цени пред две недели.
Во моментов барел северноморска нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон се продава за 49,7 долари, а пред две недели неговата цена изнесуваше 46.9 долари.
