Од полноќ: Бензинот ќе се точи по стара цена, дизелот по намалена!
И покрај падот на нафтата денеска и поефтинувањето на типот „брент“ за мајската испорака во Лондон за 43 центи на 54,89 долари Регулаторната комисија одлучи бензините во Македонија да продолжат да се точат по старата цена, додека дизелот забележа намалување од два денари.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе изнесува 67,50 денари по литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 денари по литар.
Дизелот ќе се продава по 53,50 денари за литар.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство се намалува за 1,50 денар и новата цена изнесува 42,50 денари за литар, додека пак цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,677 денари и новата цена ќе изнесува 26,248 денари за килограм.
Цените на бензините пред две недели забележаа покачување на цените и тоа 2,5 денари за литар, а дизел горивото за половина денар.
Цените на нафтата во Азија паднаа, после соопштението дека Саудиска Арабија испумпува повеќе нафта, што ги зголемува и онака големите резерви на тој енегенс.
Американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во мај поевтинила на Њујоршката берза за 57 центи на 46 долари, додека нафтата од типот „брент“ за мајската испорака во Лондон поевтинила за 43 центи на 54,89 долари, пренесува „Франс прес“.
„Истото основно прашање за понудата и побарувачката влијае на пазарот“, наведува инвестициониот аналитичар од сингапурската фирма „Filip fjučers“ Даниел Анг.
Цената на нафтата од јуни ослабе за околу 60 одсто, поради големите резерви во светот, особено во контекст на доброто производство на САД и членовите на Организацијата на земји извозници на нафта (ОПЕК), со што понудата го надминала барањето. Според податоците на „Blumberg“, Саудиска Арабија, најголемиот производител на нафта во ОПЕК, во февруари испомпувала 9,85 милиони барели нафта дневно.
