Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од полициска станица на Крит избегаа пет криминалци осудени за убиства, кражби, дрога

Од полициска станица на Крит избегаа пет криминалци осудени за убиства, кражби, дрога

Пет осудени криминалци побегнале од полициска станица на грчкиот остров Крит пред трансфер во затвор. 

Локалните медиуми пишуваат дека се работи за четворица Албанци и еден Пакистанец. Тие се осудени за убиства, за кражби и за трговија со дрога, а сепак успеале да побегнат од полициската станица во градот Ханија на островот Крит во текот на ноќта или рано утрово пред да бидат префрлени во затвор, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Порталот „Кретапост’“ пишува дека Пакистанецот е осуден на три доживотни затворски казни за три убиства, на доживотна казна е осуден и еден од Албанците за кражба и убиство, а двајца од Албанците се осудени за трговија со дрога и еден за кражба. Во саботата се пренесени во Ханија, а утрово требале да бидат спроведени во затвор. Полицијата ги блокирала пристаништата и аеродромите на островот за да ги пронајде криминалците. 

Слично

Поврзани вести