Од петок СДСМ ги интензивира блокадите; Власта ги повика назад во Собрание
И денеска коалицијата „Сојуз на иднината“ предводена од опозициската СДСМ ги продолжи протестите и блокадите на крстосниците низ Скопје каде половина час беше блокиран сообраќајот околу Владата на Република Македонија.
За време на протестот, кандидатот за градоначалник наГрад Скопје, Јани Макрадули најави дека получасовните блокади ќе продолжат до петок, а ако дотогаш власта не покаже интерес за дијалог и излез од политичката криза ќе се зголеми бројот и времетраењето на блокадите.
„Свесни сме дека граѓанскиот отпор и блокадите предизвикуваат непријатности и можеби нервоза кај некои Скопјани, но во оваа прилика сакаме да повикаме на трпение, имајќи превид дека отпорот е против режим кој секојдневно ја инсталира својата диктатура и се повеќе ја укинува слободата на граѓаните. Сакаме да порачаме дека оваа форма на блокирање на само една раскрсница во времетраење од половина час е само предупредување кое завршува во петок“, изјави Макрадули
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку писмената изјава побараа опозицијата да се врати во Собранието и таму да се води дебатата. Како што посочуваат од патијата на власт, ваквите потезите на СДСМ се во насока да се заштити кариерата на Бранко Црвенковски и да се затскријат неговите неуспеси и погрешни политик. „Ако Јани Макрадули одбрал да биде заложник на кариерата и политиките на Бранко Црвенковски, тогаш тоа е негово лично право и избор. Но Јани Макрадули, како и целото раководство на СДСМ не смеат и понатаму да ја држат во залог судбината и иднината на целиот народ и на Република Македонија, креирајќи фиктивна реалност“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.