Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од овој град заминуваат цели семејства, велат немаат иднина

Од овој град заминуваат цели семејства, велат немаат иднина

Поради масовно иселување се намалува и бројот на ученици во училиштата во градот Петриње во  Хрватска. 

Токму од оваа причина наставниците се плашат дека ќе останат без работа како што се намалува и бројот на деца. 

Велат дека последните две години во прво одделение се намалува бројот на првачиња за 20. 

Од роднини и пријатели добиваат информации дека луѓето се иселуваат во странство. 

Се работи за семејства со едно, две, три деца каде таткото работел  на „црно“, а мајката била невработена. 

Заминуваат во Германија, Шведска, и Ирска. 

„Децата го учат во 90% англискиот јазик, но кога заминуваат тоа е главно во германското говорно подрачје“ - велат од училиштата. 

Луѓето раскажуваат дека иако се иселиле, во Германија една плата ја трошат за стан. 

„Како поминуваше времето видов дека овде е полошо“ - вели Марина. 

Сепак, семејствата заминуваат за подобра иднина на децата. Марина раскажува дека децата веќе учат германски јазик, а исто и таа. 

Слично

Поврзани вести