Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од овој датум Грција ќе го „олабави“ ЕЕС системот за Србите: За македонците нема никаква информација дали ќе куртулат од гужбите на граница

Од овој датум Грција ќе го „олабави“ ЕЕС системот за Србите: За македонците нема никаква информација дали ќе куртулат од гужбите на граница

Грција најверојатно нема официјално да го суспендира новиот систем за влез во Европската унија – ЕЕС (Entry/Exit System) – за граѓаните на Србија, но се очекува неговата примена да биде значително ограничена во текот на летото, со цел да се избегнат големи гужви на граничните премини.

Ова за српската телевизија Прва го потврди генералниот конзул на Србија во Солун, Јелена Вујиќ Обрадовиќ, која посочи дека иако нема формална одлука, постојат уверувања базирани на добрите односи меѓу двете земји.

  • Од 1 јуни до 30 август системот ќе биде практично суспендиран за граѓаните на Србија. Ќе се применува во ноќните часови, но нема да влијае на создавање дополнителни гужви – изјави таа.

Во пракса, тоа значи дека во периодите на најголем метеж, контролите ќе се сведат на основна проверка на документи, без задржување поради биометриски процедури.

Причината за ваквите мерки е што примената на ЕЕС системот веќе предизвика подолги чекања на границите, што претставува сериозен предизвик за туристичките земји како Грција, особено во летната сезона кога бројот на патници драстично се зголемува.

Иако нема официјална потврда за целосна суспензија, се очекува надлежните да ја прилагодуваат примената на системот во пракса, со цел да се обезбеди побрз проток на сообраќај и да се избегне колапс на граничните премини.

Директорот на српската туристичка асоцијација ЈУТА, Александар Сеничиќ, изјави дека грчката страна усно ветила дека во текот на летната сезона нема да има целосна примена на ЕЕС системот за српските туристи.

  • Имавме состаноци со грчките власти и кон крајот на мај ќе има средба на високо ниво во Атина, а претходно и во Солун, со цел да се договорат мерки за отворање повеќе гранични премини и проширување на лентите – од шест на десет, како и дополнителни траки за автобуси – за побрз проток на патници – рече Сеничиќ.

ЕЕС е нов дигитален систем за контрола на влез во Шенген-зоната, кој предвидува собирање биометриски податоци од патниците, како отпечатоци од прсти и фотографирање, со што се заменува досегашното ставање печати во пасошите.

Б92

Слично

Поврзани вести