Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од општината во Тетово не чувствуваат одговорност за поплавите

Од општината во Тетово не чувствуваат одговорност за поплавите

Од општината велат дека немаат никаква одговорност за невремето што се случи во тетовскиот регион, кое одзеде и човечки животи.  Тие велат дека редовно ги чистеле речните корита, но сепак тоа била елементарна непогода.

„Ние редовно го чистевме речното корито и владата отсекогаш издвојувала средства во таа насока и има еден куп документи кои покажуваат дека тоа сме го правеле, но сепак, ова е елементарна непогода, која се случи токму во деловите каде воопшто нема речно корито. Нема река во Шипковица, нема река во Мала Речица, додека доколку тетовската река се прелееше, ќе беше друга приказна и хуманитарните размери ќе беа сосема поинакви. Затоа и бараме помош од ЕУ, кои веднаш одговорија со одлуката на Комисијата од пред два дена, со кое сега се одредени 10 експерти кои ќе престојуваат тука 12 дена за да ја истражат конфигурацијата и другите потреби за да се надмине ова, значи ова се елементарни непогоди кои можат да бидат и од уште поголеми размери“, рече Теута Арифи, градоначалничка на општина Тетово.

Од општина Тетово потенцираат дека несреќата не се случила поради реката. Но, во писмото со препораки од Центарот за справување со кризи од 2012 година не е укажано само чистење на реката, туку и на секое поточе и на каналот кои се влеваат во оваа река, како и институционална комуникација меѓу претпријатијата, општината и Центарот за справување со кризи.

Слично

Поврзани вести