Заев: Oд октомври секој работен ден ќе има евтина тарифа на струја
За нешто повеќе од еден месец секој работен ден ќе имаме евтина струја.
Ова го соопшти денеска премиерот Заев кој рече дека се исполнува уште една обврска.
„Почнувајќи од октомври два часа денска евтина тарифа на струјата, секој работен ден и сабота од 14 до 16 часот, потоа секој работен ден евтина струја од 22 часот до 7 часот наутро и во неделите 24 часа евтина тарифа на струјата“, рече Заев.
На заедничката прес-конференција во Владата на која присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, како и министерот за економија Крешник Бектеши беше кажано дека оваа мерка ќе се овозможи преку заштеди на енергетските компании МЕПСО и ЕЛЕМ, така што ќе се намалат нивните непродуктивни трошоци.
Според вицепремиерот Кочо Анѓушев, ЕВН Македонија нема да добие субвенција за евтината тарифа на струјата, иако очекувано, ќе бележи загуби.
- Домаќинското работење на компаниите ќе биде изворот на средства. Такви заштеди се веќе направани, рече Анѓушев.
Претставниците на Владата рекоа и дека оваа мерка нема да ја покачи цената на струјата.
