Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од одмор одете директно во изолација, порачува експерт

Од одмор одете директно во изолација, порачува експерт

Четвртиот бран е веќе тука, и затоа од одмор одете директно во изолација, порачува експерт во Словенија. 

Шефот на словенечкиот Институт за јавно здравје, Милан Крек, вчера, на прес-конференција предупреди дека новите варијанти на вирусот се раширени во целиот свет и дека делта сојот предизвикува најголема загриженост. Тој вели дека луѓето мора многу внимателно да ги планираат патувањата. 

„На сите што сè уште планираат да патуваат на одмор во странство им препорачувам да се вратат најдоцна до 15 август и по враќањето, да заминат во самоизолација и да не контактираат со своите роднини“, вели Крек.

Делта сојот се шири и на Балканот. Највисоки бројки  на заразени има во Грција, но загриженост има и во Албанија и Србија. 

Слично

Поврзани вести