Од Нова Година бесплатен превоз за студентите од државните универзитети
Два нови проекти на Владата, промовираше денеска премиерот Никола Груевски на своето обраќање на свечената академија по повод утрешниот празник Свети Климент Охридски.
Тој најави бесплатен превоз за студентите од државните универзитети и средношколска среда во која средношколците ќе имаат бесплатен железнички превоз, бесплатен билет за жичницата на Водно, како и бесплатни карти за во кино и театар.
Двата проекти ќе стартуваат од први јануари, а бесплатен превоз нема да добијат вонредните студенти и студентите кои се запишани на некои од приватните универзитети.
Слично
