Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од недела директен лет Киев-Скопје-Киев: Ќе лета украинска компанија

Од недела директен лет Киев-Скопје-Киев: Ќе лета украинска компанија

Од 9 декември, за прв пат во историјата на односите на Украина со Македонија се воведува директен лет Киев-Скопје-Киев.

Летовите ќе ги извршува украинската авиокомпанија „WINDROSE“, на чија веб-страница веќе можат да се купат картите и за Киев и за Скопје.

„Постоењето на директните летови ќе придонесе за интензивирање на билатералната соработка - зајакнување на бизнис врските, развој на туризмот во двете земји, подобро запознавање на граѓаните на Северна Македонија со Украина и на Украинците со Република Северна Македонија, велат од амбасадата на УКраина во Македонија.

За реализицијата и стартот на овој лет амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук веќе имала средба со генералниот директор на TAV Macedonia Метин Батак.

Летовите ќе се реализираат два пати во неделата, во четврток и недела.


Слично

Поврзани вести