ОД НАРОДЕН ЧОВЕК ДО „ЈАГУЛА“: Дали Ацо Петрески е Македонскиот „Бандиќ“?
Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески заврши во притвор, полицијата го сомничи дека заедно со уште други 14 лица ја злоупотребиле општинската каса за милионски суми. Во операцијата „Јагула“, првообвинет е Александар Петревски. Тој беше градоначалник на Охрид од 2005 година до 2013 година. Колку умееше и беше сакан од охриѓани, исто толку за дел од охриѓани беше оспоруван и омразуван. Функцијата градоначалник ја презеде од Никола Наумов, пред повеќе од една година се кандидираше за градоначалник на Охрид по трет пат, како кандидат на СДСМ, загуби од Никола Бакрачевски. Владеачката ВМРО ДПМНЕ, и на локалните избори во 2009 (кои ги загуби) и на локалните избори во 2013 (кои ги доби) ги користеше сите сили, само за да го смени Петрески, а на негово место да дојде градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Прв градоначалнички мандат 2005 - 2009
Кога се појавии во 2005 година, беше непознат за македонската јавност, но не и за охриѓани. Делуваше скромно и интересно кога се појави како кандидат за градоначалник. Првиот мандат го користеше за себепромоција, обидувајќи се да воспостави нови стандарди во работата на функцијата градоначалник. Вториот мандат го бараше за реализирање на започнатите проекти. Кога во 2013 година по трет пат ја бараше подршката од граѓаните, Петрески велеше третиот мандат ќе го искористам за ревизија на својата работа без емоции, а истовремено ќе се потрудам да ја оправдам довербата кај граѓаните. Не ја доби довербата на охриѓани, после осум години, како и самите тие да се заситија од него, но никако не смее да се потцени и жестоката и црна кампања која во континуитет се водеше против него.
„За Охрид, со домаќинско работење направив многу, но секогаш велам дека може уште повеќе и уште подобро. Имам сила, знаење и искуство, и покрај секојдневните опструкции од централната власт, да ги довршам не само започнатите проекти, туку и многу други кои ќе го подобрат животот на граѓаните и ќе го вбројат Охрид во врвот на посакуваните туристички дестинации“, тврдеше Петрески.
Градоначалник кој истера два мандати со блокирана сметка
Само што седна во градоначалничката фотеља по втор пат, Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на општината во 2007 година..
Една од клучните констатации на ревизорот беше дека државата имала обврска и инструменти да ја одблокира сметката на Општината, но не го сторила тоа и сметката останува блокирана уште од 2002 година. Долговите, според ревизорот, се преземени обврски за доизградба на колекторскиот систем и спортската сала што се надлежност на државата.
Владата на ВМРО ДПМНЕ до 2013 - та беше маќеа за Охрид?
Ревизорот во извештајот за работата на општината во 2007 година, нотира дека општина Охрид склучила договор со ГП „Гранит“ иако, според законот, заштитата на Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро е надлежност на државата, а не на општините, односно во проектот финансиски требало да учествува државата. Слична е состојбата и со спортската сала, која е сопственост на државата, а долговите требало да ги плаќа Општината.
„Извештајот покажа дека биле оправдани барањата на градоначалникот Петрески за решавање на проблемите со блокираната жиро-сметка. Тој бараше со Владата да се договорат за долговите за колекторскиот систем и спортската сала, но без успех“, коментираа од Кабинетот на градоначалникот Петрески. Согласно со законот за финансирање на локалната самоуправа, Општина Охрид била во финансиска нестабилност, но министерот за финансии не постапил според законот. Тој не донел решение за постапка за надминување на финансиската нестабилност и не ги известил градоначалникот и Советот дали има основа за поведување постапка за финансиска консолидација.
Често беше склон и на гафови
Во март 2010 година, во моментите кога на охридското крајбрежје му се закануваше поплава, охридскиот градоначалник Александар Петрески тогаш отпатува меѓу иселениците во Австралија. Опозициската СДСМ се огради од него и потегот на Петрески го оквалификува како недозволива грешка. Петрески се врати во Македонија откако тогаш лидерот на социјалдемокртите Бранко Црвенковски на прес конференција порача дека градоначалникот на Охрид Петрески под итно треба да се врати во земјава и откако македонската заедница во Австралија го прогласи за непожелна личност.
Петрески во емисија на Радио Охрид, своевремено изјави дека ќе прска само против комарци кои се на територијата на општина Охрид, но не и против оние кои се наоѓаат на државно земјиште. Најави дека на влезот во Охрид ќе постави рампи за сите оние кои ќе сакаат да дојдат во овој град, да платат туристичка такса од 1 евро. За оние кои имаат станови и викендички во Охрид, пак најави дека ќе плаќаат годишна такса од 100 до 200 евра.
Во 2011 година ревизијата регистрира неправилности во работата на општината
Неправилности во работата на Охрид, констатираше и Државниот завод за ревизија по направената проверка на работењето на локалната самоуправа во Охрид. Во извештајот на ревизијата објавен во 2011 година е нотирано дека Општината која угостува над 100 илјади туристи годишно не остварила ниту еден денар приход од паркинг, иако во екот на летната сезона, за еден час паркирање, туристите плаќаат и по 100 денари.
Покрај ова, во финансискиот извештај на општината стоеше и дека не е остварен ниту еден денар приход од издавањето на простор за поставување реклами и времени објекти, а ревизијата открила и дека Петрески не го пријавувал приходот кој го остварувал наплатувајќи го просторот кој кафулињата и рестораните го користат како летна тераса. Ревизорите утврдија и дека со цесии и компензации, охридскиот градоначалник ја заобиколувал блокираната сметка на општината, што е спротивно на законот.
Приведен во акцијата Јагула
Во полициската акција „Јагула“ вчера рано изутрината беше приведен поранешниот охридски градоначалник Александар Петрески и тринаесет негови соработници. Тие се осомничени за злоупотреба на парите од буџетот на Општината Охрид. Според истрагата, од 2007-ма до 2013-та година, осомничените направиле голем број злоупотреби со општинските пари, спроведувале лажни тендери, примале поткуп, переле пари, ги мамеле доверителите, со што го оштетиле охридскиот буџет за речиси 48 милиони денари, а групата присвоила над 148 милиони денари, соопшти МВР. Според полицијата, Петрески се товари дека е предводник на „злосторничкото здружение“ од 16 лица што во континуитет било вмешано во криминални активности, во корист на повеќе правни и физички лица блиски до членовите на криминалната група. Меѓу приведените се соработници на поранешиот градоначалник во Општината Охрид, како и тројца сопственици и управители на фирми. Според обвинението, целта била во постапките за јавни набавки да им се даде предност на фирмите блиски на групата.
Кој е Александар Петрески
Александар Петрески е роден на 11 ноември 1964 во Струга, основно и средно образование завршил во Охрид. Студирал на битолскот универзитет „Св. Климент Охридски“ - Електротехнички факултет, каде се здобива со статус дипломиран сообраќаен инженер.
Во 1999 година тој основа приватна фирма во која е ангажиран сè до 2003 година. Од 2003 до 2005 година тој е првиот човек на општинското јавно претпријатие „Охридски комуналец“ - Охрид. На локалните избори во 2005 година, ја добива довербата на граѓаните на Охрид и станува градоначалник на Општина Охрид.
Професионална кариера
Градоначалник на град Охрид во два мандата првиот од 2005 - 2009 и вториот од 2009 - 2013.
Прв човек на општинското Јавно претпријатие "Охридски комуналец"- Охрид, 2003-2005
Основач на приватна фирма 1999-2003
Директор на "Транспорт и механизација" - ЕМО до 1999
Вработен во ЕМО
Семејството жртва на неговата политичка кариера
„Мојот најголем успех е тоа што сум семеен човек и тоа што успеав да ги научам моите деца да не ја живеат приказната “деца на градоначалникот”. Задно со мојата сопруга, секојдневно и покрај огромните обврски, настојуваме да живееме во семејна хармонија и што повеќе да сме заедно со нашите деца. Јас се уште се дружам со моите пријатели од школските денови и секојдневно градам квалитетни релации со луѓето кои ги запознавам. Успех е граѓаните да те доживуваат како дел од нив, затоа што јас сум пред се народен човек“, велеше Петрески, кога по трет пат ја бараше подршката на Охриѓани.
Р.Ф

Слично