Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од мигрантите во регионот најмногу заработуваат менувачниците

Од мигрантите во регионот најмногу заработуваат менувачниците

Meнувачниците во центарите на престолниците имаат полни раце работа поради големиот број на мигранти кои секојдневно ги посетуваат, пишува Вечерњи новости.

Гостите од Блискиот исток менуваат евра, ситни но и големи суми.

Освен трговицте, фризерите и сопствениците на хотели, од доаѓањето на мигрантите од Блискиот исток најмногу работа имаат менувачниците во срцето на главните градови. Сепак, во зависност од местото каде се наоѓа фирмата, ќе зависат и искуствата на работниците во нив.

„Менуваат и евра во динари, и динари во евра, нема правила“, велат работници во српските менувачници.

Најчесто разменуваат пари од 10 и 20 апоени во динари, како овде би можеле да купат што им треба. Кога сепак се подготвуваат да ја напуштат Србија, купуваат поголеми количини евра“, пренесуваат српски медиуми.

Некои парите ги носат во џебови или паричници, а има и такви кои кои ги нанижуваат ги сукаат, па ги стваат на каиш.

Оние малку побогатите, кои отседнуваат во хотели и хостели, ги користат услугите на Вестерн унион. На нив парите им пристигаат од туѓина и тоа во долари, објаснуваат вработени во една менувачница.

Слично

Поврзани вести