Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од март, нови евтини летови за уште три дестинации

Од март, нови евтини летови за уште три дестинации
Авиокомпанијата “Визер”  ја проширува својата понуда на летови, па од март годинава ќе воведе линии за уште три дестинации. Од аеродромот во Скопје ќе може да се да се патува  до Берлин, Братислава и Копенхаген, за релативно евтини билети. Почетна цена на авиобилетите ќе биде 1.799 денари за Берлин и 1.499 денари за Братислава и Копенхаген. Нискобуџетната компанија Визер има три авиони кои сообраќаат на давата аеродроми во Македонија. Само на скопскиот аеродром „Александар Велики”  за пет години превезла кон и од Македонија над 2 милиони патници. Овој унгарски превозник е субвенциониран од Владата на Македонија одржува 24 линии кон 11 земји.
Слично

Поврзани вести