Од маркет во Чаир разбојници украле 50.000 денари
Во скопската населба Чаир нешто пред полноќ со закана со оружје разбојници ограбиле маркет.
Две непознати маскирани лица, од кои едното вооружено со пиштол непозната марка, околу 22.43 часот извршиле разбојништво над вработените во маркет на улицата „Павле Илиќ“ сопственост на А.А. (58) од Скопје.
Разбојниците влегле во маркетот и со закана со пиштол од касите одзеле околу 50.000 денари, а потоа го напуштиле местото на настанот.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Слично
