Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од летоска поевтин роаминг кон Србија, Црна Гора и БиХ

Од летоска поевтин роаминг кон Србија, Црна Гора и БиХ

Од летоска поточно од 30 јуни стапуваат на сила новите цени за роаминг – услуги со Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Намалените цени на роаминг услугите со овие три држави следуваат по потпишаната Спогодба во Будва, а од Агенцијата за електронски комуникации очекуваат наскоро кон оваа спогодба да се приклучи и Албанија, а таа е отворена и за останатите балкански држави.

„Договорот е отворен за сите држави кои сакаат да се приклучат кон него. Сакам да нагласам дека во Будва кога беше потпишан меѓународниот договор, и Република Албанија беше во оваа иницијатива, но поради нивната сложена процедура таа се одложи малку така што наскоро очекуваме и таа да се приклучи кон овој договор. Ги повикувам и останатите балкански држави од регионот да се приклучат и граѓаните патувајќи низ државите да користат многу пониски цени од сегашните“, изјавил денеска на прес-конференција директорот на АЕК Роберт Орданоски.

Роаминг услугите со Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина за минута разговор ќе чини 17,9 денари, СМС-порака 5,6 денари, а 1 МБ интернет ќе чини 43,2 денар.

Слично

Поврзани вести