Од летните горештини Народна банка ќе се спасува со нови клими
Дека летото во Скопје знае да биде премногу жешко сме искусиле а спас од сонцето кое пржи се клима уредите.
Токму со нови клими летово ќе се разладуваат вработените во Народна банка.
Имено Централната банка распша оглас со кој бара понуди за набавка на клима уреди.
Од објавата на Електронскиот систем за јавни набавки може да се забележи дека договорот има проценета вредност од 316.271 денари без ДДВ.
Критериум за да се добие договорот е најниската понудена цена.
Понудите може да се доставуваат до крајот на месецот односно до 29 јуни а јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понуди.
Слично
