Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од кинески фабрики до македонски рафтови: кој заработува од играчките?

Од кинески фабрики до македонски рафтови: кој заработува од играчките?

Со почетокот на празничната сезона, купувањето играчки станува една од главните ставки во семејните буџети низ Европа. Податоците за 2024 година покажуваат дека Европската унија останува силно зависна од увоз на играчки, особено од азиските пазари.

Во текот на 2024 година, ЕУ увезла играчки од земји надвор од Унијата во вредност од 7,1 милијарда евра, што е за 600 милиони евра повеќе во споредба со 2023 година. Извозот, пак, изнесувал 2,5 милијарди евра, што значи дека Унијата е јасно нето-увозник на играчки.

Кина доминира убедливо, со учество од дури 80 проценти од вкупниот увоз, или 5,6 милијарди евра. Зад неа следуваат Виетнам со 6 проценти (418 милиони евра) и Обединетото Кралство со 3 проценти (188 милиони евра). Најголеми увозници во рамки на ЕУ се Германија и Холандија (по 17 проценти), а Франција учествува со 14 проценти од вкупниот увоз.

А каде е Македонија?

За разлика од ЕУ, Македонија нема значајно производство на играчки и во најголем дел е зависна од увоз. Според податоци од царинската и трговската статистика, годишниот увоз на играчки во Македонија се проценува на околу 15 до 20 милиони евра, а повеќе детали за тоа како стоиме на ова поле може да се прочита на Женски магазин.


Слично

Поврзани вести