„ОД КАДЕ СЕ ПАРИТЕ СО КОИ СЕ КУПУВААТ СТАНОВИ?“ Славески заинтересиран за потеклото на парите
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во своето интервју за магазинот „Трилинг“, отвори сериозни прашања за потеклото на средствата со кои се купуваат тие станови.
„Она што ние како Народна банка преку монетарно-кредитната политика може да влијаеме е во однос на кредитирање. Кога сме кај кредитирањето, тоа не е само кредитирањето на купувачите туку секако треба да се погледне кредитирањето и на изведувачите во станбениот бизнис. Сето останато, дел е сигурно и во сивата економија – затоа што има индикации и дека набавката и на градежни материјали, исплата на надоместоци односно плати на вработените понекогаш се врши во готовина, но останува други институции ова да го утврдат, тука е финансиската полиција, Министерството за финансии коишто заедно со Народна банка се обврзани да вложат максимум ресурси во однос на спречувањето на перење пари“, вели гувернерот на прашањето дали кешот завршува во „бетон“, односно во изградба на станови.
За тоа дали сме сведоци на квази инвеститори и зошто сѐ уште цвета сивата економија, бидејќи ова е некаков индикатор, Славески вели дека дел од активностите во дел од градежништвото што е констатирано од други институции кои имаат и надлежности и поголем инструментариум за контрола на банка тоа веќе го имаат утврдено и медиумите имаат известено за извештаи на овие институции.
