Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД КАДЕ И КАКО: Заев очекува инвестициски циклус од 5 милијарди евра

ОД КАДЕ И КАКО: Заев очекува инвестициски циклус од 5 милијарди евра

Нов инвестициски циклус во земјава очекува премиерот Зоран Заев. Проценките кои ги дава се пет милијарди евра.

-Креиравме реална и силна економија. Ревизијата на Светската трговска организација претставува уште еден доказ за тоа дека економските политики на владата даваат резултат. Оваа, 2019 година, ќе биде навистина, година на економијата-нагласи Заев.

Како што истакна, БДП е зголемен за над 40 отсто, платите растат, намалена е стапката на невработеност, вратена е довербата кај инвеститорите и се зголемени вложувањата. Заев исто така напомена дека земјава направила скок за 25 места според поатоците на Глобалниот инвестициски индекс, додека, според неговите зборови, драстичен раст е забележан и во извозот.

-Со посветена работа успеавме да ги стабилизираме економските текови и состојба. Компаниите растат и се развиваат, расте нивната конкурентност, се зголемуваат инвестииите, а напредок бележат и градежниот сектор-објаснува Заев.

Бектеши пак до крајот на годинава очекува земјава да биде дел од Спогодбата за јавни набавки со Светската трговска организација.

Слично

Поврзани вести