Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од јуни БИХ ќе извезува јунешко во Турција

Од јуни БИХ ќе извезува јунешко во Турција

БИХ од следниот месец ќе извезува јунешко месо во Турција.

Секој ден ќе се извезуваат над 40 тони свежо јунешко месо. Досега месото во Турција се транспортираше авионски преку аеродромите во Сараево и Бања Лука, а за оваа работа се заинтересирани и другите аеродроми. Аеродромите се подготвени да почнат со оваа работа, а и производителите имаат добиток кој треба да биде продаден.

Откупната цена оваа година е пониска од лани. Таа е 3.8 марки по килограм, а лани беше 4.4 и 4.6 марки за килограм месо. Сепак фармерите се задоволни затоа што има обезбеден извоз. До скоро не знаеја што ќе прават со големите количини месо, кои немаа каде да ги продадат.

Слично

Поврзани вести