Oд Хрватски пошти ќе се отпуштат 1100 вработени
До крајот на годината од Хрватски пошти ќе се отпуштат 1100 вработени, само овој месец се планира да се отпуштат 800 вработени, пишува Јутарњи лист.
Хрватски пошти во првите пет месеци од работењето оваа година постигна 29 милионикуни загуба, а до крајот на годината загубата ќе се зголеми на 60 милиони куни.Приходите на поштата се резултат од продажба на недвижности, наместо од поштенските услуги, наведува весникот.
Се очекува и затворање на одреден број на поштенски експозитури. Нив ги има 1031 на број а според Законот треба да ги има минимум 715, наведува весникот.
Слично
