Од Грција во Македонија преминале 2000 бегалци
Најмалку 2000 бегалци од Сирија, Авганистан и Иран преминале од Грција во Македонија, ден откако грчко-македонската граница е привремено затворена поради насилството меѓу мигрантите.
Повеќе од 3000 луѓе останале на територијата на Грција, бидејќи нашите власти одбиваат да ги примат, сметајќи дека тие не се бегалци кои бегаат од војната, туку се економски мигранти.
Мигрантите кои не успеале да ја преминат грчко-македонската граница фрлаа камења на грчката полиција која претходните два дена се бореше да одржи ред.
Грчките власти испратија возови и автобуси кои бесплатно ќе ги вратат економските мигранти назад во Атина, каде ќе им биде овозможено да поднесат барање за азил ако сакаат.
Наводно речиси сите мигранти кои од Турција преминуваат во Грција сакаат да живеат во европските земји како Германија или Шведска.
