Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Грција, Кока Кола се сели во Швајцарија

Од Грција, Кока Кола се сели во Швајцарија
„Кока-Кола Хеленик“,  инаку втора по големина фабрика за производството на „Кока-Кола“ во светот, планира да го пресели своето седиште од Грција во Швајцарија и да почне со котација на нејзини акции на Берзата во Лондон, јавуваат од компанијата. „Новото седиште во Швајцарија ќе ни овозможи стабилност, а ние ќе бидеме грчка мултинационална компанија со седиште во Швајцарија“, изјави извршниот директор Димитриос Лоис. Според него, за остварување на ваквиот план, „Кока-Кола Хеленик“ ќе изврши замена на акции со новоформираната швајцарска компанија „Кока-Кола ХБЦ“. „Кока-Кола Хеленик“ смета дека со преселбата на седиштето од Грција во Швајцарија ќе си обезбеди полесен пристап до капитал и поголема флексибилност за подигнување нови средства. Покрај преселбата во Швајцарија, Лоис најави дека „Кока-Кола Хеленик“ планира да започне со котација на нејзините акции на Берзата во Лондон, паралелно со котацијата на Атинската берза. „Кока-Кола Хеленик“ во вториот квартал годинава има профит од 127,8 милиони евра, што претставува пад од 13% на годишно ниво.
Слично

Поврзани вести