Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ГРАДЕЖНА КОМПАНИЈА КОЈА ГИ ГРАДЕШЕ ФАБРИКИТЕ ВО ЗОНИТЕ, СЕГА И Е ПАРТНЕР НА „ТИСЕН КРУП“ - штипска „Актива“ нова членка на Македонско-Германското стопанско здружение

ОД ГРАДЕЖНА КОМПАНИЈА КОЈА ГИ ГРАДЕШЕ ФАБРИКИТЕ ВО ЗОНИТЕ, СЕГА И Е ПАРТНЕР НА „ТИСЕН КРУП“ - штипска „Актива“ нова членка на Македонско-Германското стопанско здружение

Компании од Македонско-Германското стопанско здружение ќе можат да се поврзат со фирми купувачи од Германија, но и од други европски држави.

Во моментов се одржува „AHK Industrial Suppliers“ форумот наменет за компании-добавувачи, организиран од Делегацијата на германското стопанство и Германските стопански комори, соопштија од Германската комора. 

„Им нудиме на компаниите-членки на Mакедонско-Германското стопанско здружение (DMWV) можност да се поврзат со компании-купувачи од Германија, но и од други европски земји. Учеството во овој проект е бесплатно единствено за компаниите-членки на Mакедонско-Германското стопанско здружение (DMWV). Со ова Ви овозможуваме Вашата компанија да стане дел од глобалниот синџир на добавувачи во Германија“, се вели во брифингот од Германското здружение.

Патрик Мартненс, прв човек на Здружението, вели дека пред два дена ја посетил новата премиум-членка на Mакедонско-Германското стопанско здружение, компанијата „Актива“, лоцирана во Штип. 

„Актива е одличен пример за компанија - добавувач од Северна Македонија, која од градежна компанија која започна со изградба на фабричките објекти на повеќе германски, но и други странски инвеститори во Северна Македонија се разви во компанија која е водечка во металопреработувачката индустрија. 

Актива првично започна да ги снабдува македонските компании, а во меѓувреме е партнер на клиентите на ThyssenKrupp ширум светот. Актива за првпат одржа состанок со ThyssenKrupp откога се сретна со нив на настанот „Иницијативата за пронаоѓање на компании-добавувачи од Западен Балкан“ кој се одржа во организација на Делегацијата на германското стопанство“, објаснува Мартенс.

Тој нагласува дека Mакедонско-Германското стопанско здружение од оваа година има ексклузивен партнер и осум компании премиум-членки, и покрај зголемувањето на годишните членарини. 

„За 2022 година наш ексклузивен партнер е ПроКредит Банка Македонија. Покрај постојните шест премиум-членки, Авицена, EOS Matrix, ЕВН Македонија, Македонски Телеком, Макпетрол и Quehenberger, здружението се прошири за уште две компании премиум-членки. Станува збор за фирмата Актива од Штип и фирмата Мајорел, ќерка фирма на најголемата издавачка куќа во Германија, Bertelsmann SE & Co. KGaA“, информира Патрик Мартенс од Германската комора.

фото: Актива

Слично

Поврзани вести