Од Форумот на слободоумни патриоти јавно се извинија во име на ВМРО-ДПМНЕ
Форумот на слободоумни патриоти по објавените прислушувани разговори од страна на СДСМ, испрати јавно извинување, за како што велат, сите закани, уцени и вулгарности изречени од функционери и високи партиски членови на ВМРО - ДПМНЕ.
„Доколку во институционална постапка се потврди автентичноста на објавените снимки, Форумот на слободоумни патриоти, во име на чесното и лојално членство на ВМРО-ДПМНЕ, чувствува морална и човечка одговорност јавно да им се извини на секој поединец, етникум, здружение, партија и на сите останати субјекти на кои во текот на владеењето на оваа раководна структура на ВМРО-ДПМНЕ им е повредена честа, угледот и достоинството“, стои во соопштението.
Воедно, Форумот останува на ветувањето дадено пред македонската јавност дека „во иднина нема да дозволи вакви личности повеќе да бидат членови на партијата, а уште помалку на раководни партиски или државни позиции“, стои во соопштението.
Слично
