Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Финансии се откажаа од ново задолжување

Од Финансии се откажаа од ново задолжување
Министерството за финансии ја откажа денешната аукција на државни записи преку кои Владата требаше повторно да се задолжи од приватниот сектор. finansii-zgrada Од Министерството велат дека аукцијата е откажана во насока на сведување на домашното нето задолжување по основ на државни хартии од вредност кон нула, со што ќе се остават повеќе ликвидни средства во стопанството за кредитирање на бизнисот. Ова е седма аукција која Министерството ја имаше предвидено, а не ја одржа. Во септември доспеваат за враќање осум аукции, а согласно календарот предвидени се две нови аукции. Дополнителниот министер за финасии Кире Наумов од опозицијата откако се врати на заменичката позиција посочи дека секое ново задолжување на државата мора да биде одобрено, во спротивно ќе се смета за незаконско. Тој предупреди дека Владата е презадолжена и мора да внимава на стапката на јавниот долг кој сега изнесува 45,3 % од бруто домашниот производ.
Слично

Поврзани вести