Од февруари за 5% ќе се зголемат пензиите
За околу 550 денари ќе се зголеми февруарската пензија на сите пензионери, откако Владата го прифати предлогот на Сојузот на здруженија на пензионери најавеното покачување на пензиите за 5 проценти да се однесува на целата сума исплатени пензии во тој месец и потоа да се распредели линерално, односно поеднакво на секој пензионер. Покачувањето ќе влезе во основицата на пензиите.
Ваквата одлука според министерот Спиро Ристовски била донесена на предлог на сојозот на пензионерите кој направил испитување во сите пензионерски здруженија, чии членови сметале дека ваквиот начин на покачување е покоректен и ќе им помогне и на оние пензионери со пониски пении, какви во земјава се околу 180 илјади.
- Покачувањето ќе се изврши на начин што исплатата на пензиите за февруари 2013 година ќе се зголеми за пет проценти и така добиениот износ ќе се подели на вкупниот број корисници на пензија. Со оваа мерка ќе се опфатат корисниците на пензија кои правото ќе го остварат заклучно со февруари 2013 година, рече министерот Тистовски.
Ова покачување од 5 проценти ќе биде реализирано, откако претходно на почетокот на годината пензиите ќе се усогласат со порасот на платите и трошоците на живот, со кое пензиите ќе се зголемат за 2 проценти. Тоа би значело оти пензиите ќе се зголемат за околу 7 проценти.
Оваа мерка била една од двете можни опции за кои размислувала Владата. И двете имаат идентични фискални импликации во однос на буџетот.
- Се одлучивме за оваа варијанта врз основа на претходна анализа и став на пензионерите кои не информираа дека мнозинството од пензионерите констатирало дека оваа опција е поправилна и поправична, рече министерот за труд и социјална политика.
Задоволни се и од Здружението на пензионерите на Македонија.
- Речиси сите пензионери сметаа дека ваквата одлука е поправична и солидарна. Навистина донесовме солидарна одука бидејќи сите пензионери со помали пензии ќе добијат поголемо зголемување на пензиите, рече претседтелот на здруженијата на пензионерите на Македонија Драги Аргировски.
Слично
