Од факултетите до Влада и Собрание – ова е маршрутата на утрешните студентски протести
„Студентски пленум“, организацијата која стои зад утрешниот студентски марш во Скопје ја објави маршрутата по која ќе се одвиваат протестите. Според планираното, предвидено е студентите да се соберат на платото пред универзитетскиот кампус на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, а од таму да продолжат кон Владата и Собранието.
Протестот се одржува под мотото „Стоп за лошите реформи во образованието“. Под истото мото ќе се маршира и во Битола, каде што студентите ќе тргнат од пред Техничкиот факултет до зградата на Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“.
Целта на протестите е да се влијае на властите да се откажат од планираното воведување на државен испит во високото образование.
„Студентскиот пленум“ ги повика сите студенти, но и средношколците, професорите, родителите и останатите граѓани, но побара од партиите да не го злоупотребуваат нивниот протест.
