Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од есен веронаука во средните училишта во Република Српска

Од есен веронаука во средните училишта во Република Српска

Средношколците од Република Српска од есен ќе имаат можност да бираат меѓу веронаука, која веќе две децении се изучува во основното образование, култура и религии или етика и тоа ќе се смета за задолжителен предмет.

Идејата за воведување на веронаука потекнува од СПЦ, која тоа го предложи пред две години. Ова прашање беше дискутирано во април на состанок меѓу епископот Јефрем и претседателот на РС, Милорад Додиќ, а на него и двајцата се согласија дека воведувањето на веронаука е неопходен предмет во средното образование.

Сепак во јавноста мислењата се поделени. Додека дел сметаат дека нема ништо погрешно во воведувањето на овој предмет како задолжителен, останатите сметаат дека е неопходно децата да изучуваат предмети од кои ќе се стекнат со потребни вештини.

Слично

Поврзани вести