Од економисти до градежници – ова се интересни понуди за работа неделава!
ЗТД СТОЧАРСТВО АД Богданци бара извршен директор за нето плата од 60.000 денари. Се работи за компанија со над 40 години традиција и големо искуство во областа на сточарството и производството на млеко и млечни производи. Повеќе за тоа кои услови треба да се исполнат на порталот Факултети.мк
Можност за вработување нуди и Канцеларијата на Светска банка во Македонија, која бара експерт-економист, кој ќе биде надлежен да го мониторира и проценува макроекономскиот развој на Македонија. За потребните квалификации што треба да ги поседува идеалниот кандидат за да добие работно место во оваа меѓународна институција - на Факултети.мк.
Почетна плата од 100.000 денари за финансов директор и 65.000 денари за шеф на сметководство нуди компанијата ЕСИ (Employment Services International), која поседува лиценца за посредување при вработување во земјата и во странство. Од двајцата кандидати се бара завршен Економски факултет и најмалку 6 години работни искуство. Повеќе на Факултети.мк
За работите на проектот во Бања Лука, градежната компанија Гранит АД Скопје има потреба од петмина геометри со работно искуство. Во зависност од должината на работното искуство, платите се движат од 45.000 до 55.000 денари. Работата е на определено време до 6 месеци. За деталите како да аплицирате, на веб порталот Факултети.мк
