Од една страна барок, од друга – урнатина!
Започна проектот за реконструкција на фасадите на повеќе деловни и станбени објекти во центарот на Скопје. Согласно плановите, фасадите на улиците „Никола Вапцаров“, „Македонија“ и „Димитрија Чуповски“ треба да се реконструираат во барок-стил, а подготвителните работи се во тек.
Сепак, со градежните зафати е предвидена реконструкција само на предните фасади на објектите, односно оние кои гледаат кон плоштади и фреквентни улици. Додека задните страни остануваат во катастрофална состојба, речиси руинирани, со траги од влага и одрони. Станарите се незадоволни затоа што се реконструира само едната страна на објектите.
Градската управа за да го спроведе овој дел од проектот „Скопје 2014“ ќе потроши над 200 милиони денари или околу 3,2 милиони евра, и тоа само за оние згради што во моментов се работат.
Екипата на порталот Билд преку фотографии ја регистрираше катастрофалната состојба на зградите кои однапред ќе добијат нов барок-лик.

Слично