ОД ДНО ДО ЕКСПЛОЗИВЕН РАСТ: Нафтата над 50 долари за барел
Цените на нафтата се одржаа над котата од 50 долари за барел во денешното тргување во Азија бидејќи трговците ги чекаат податоците за залихите на „црното злато“.
Слабиот долар и понатаму влијае на растот на таа сировина. Американската „лесна“ нафта WTI за испораки во јули зајакнала за 11 центи на 50,47 долари за барел, додека северноморската сирова нафта „брент“ за испорака во август пораснала за три центи на 51,47 долари.
Цената на WTI сирова нафта е заклучена на ниво над 50 долари прв пат во осум месеци, што резултираше со покренување на оптимизмот на енергетскиот пазар-наведува Маргарет Јанг, аналичар од ЦМЦ Макркетс компнијата во Сингапур.
Пазарот очекува дека податоците на американското Министерство за енергетика ќе покаже понатамошен неделен пад на залихите на сирова нафта по неодамнешното намалување, проценувајќи дека тие ќе ослабнат за нови 3,25 милиони барели, додала Јанг во коментар.
Цените на нафтата забележаа експлозивен раст од историски минимун од јануари и февруари оваа година, кога во слободен пад го допреа дното на ниво од близу 25 долари за барел, што не е забележано уште од 2003 година.
Меѓутоа, оваа сировина е и понатаму далеку од највисокото ценовно ниво од преку 100 долари за барел, на кое била во средината на 2014, пред да дојде до економско забавување и презаситеност на понудата. Слабоста на американскиот долар исто така била клучен фактор за овонеделниот скок на нафтата.
